Дел Понте: Би се вратила во Хаг за да го застапувам обвинението против лидерите на ОВК

Поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, вели дека би се вратила во Хаг за да го застапува обвинението против челниците на ОВК.

На прашањето дали ја привлекува помислата повторно да ја облече тогата и во судницата да го застапува обвинението против челниците на ОВК, Дел Понте за весникот „Новости“ одговори потврдно.

- Особено сега кога сум во Комисијата на ОН за Сирија. Секогаш сметав дека на жртвите им е потребна правда, додаде таа.

Зборувајќи за извештајот на главниот обвинител за истрагата за трговијата со човечки органи, Клинт Вилијамсон, Дел Понте кажа дека обвинителот ќе  има тешка задача да ја докаже трговијата со органи од грабнатите Срби, Роми и нелојални Албанци на Косово, а дека главната пречка е тоа што телата се уште не се најдени.

По повод шпекулациите дека меѓу обвиненетите ќе се најде и Хашим Тачи, таа изјави дека не знае дали со истрагата е утврдено кој е одговорен, но мисли дека истражителите ги идентификувале осомничените.

- Доколку е завршено собирањето на доказите тоа ќе бидат злосторства против човештвото, наведе Дел Понте.

Таа, на крајот, изрази надеж дека следната година ќе биде формиран Трибуналот за Косово, што, како што истакна, ќе зависи од политичката волја на Косово.

01.08.2014 - 09:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега