Пуштена во употреба модернизираната хидроелектрана „Вруток“

На пригодна свеченост и во присуство на министерот за економија Беким Незири, генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски, претставник на амбасадата на Германија, беше предадена во употреба модернизираната хидроелектрана Вруток, со што беше означен и крајот на втората фаза од проекот за ревитализација на хидроцентралите.

Во своето обраќање, Бошковски нагласи дека овој проект, вреден 36,6 милиони евра, започнал лани.

- Со овој проект, зголемена е и инсталираната моќност за дополнителни 18,3 мегавати и годишно производство на околу 50 гигават часови електрична енергија. Токму модернизацијата на ХЦ „Вруток“ е една од најзначајните сегменти. За година и половина, ревитализирани се сите четири агрегати и пропратна опрема. Придобивките се зголемена моќност со иста потрошувачка на вода, ефикасноста и продолжување на работниот век за наредните три децении, рече Бошковски, пренесе МИА.

Во проекотот за ревитализација и модернизацијата на системот АД ЕЛЕМ вложи сопствени 9.5 милиони евра, а преостанатите 27, 1 се обезбедени преку заем од германската КфВ Банка. Зафати за обнова и реконструкција се направени на браните и централите во Маврово, Леуново, Глобочица, Шпиље, Тиквеш, Козјак и Св Петка.

31.07.2014 - 15:44
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега