Странските инвеститори - лидери во отворањето нови работни места

Бројот на работниците во индустријата годинава расте со посилно темпо за прв пат од почетокот на глобалната криза. За шест месеци од оваа година, според податоците на државниот Завод за статистика, во индустријата се вработиле за 7% повеќе работници споредено со истиот период од минатата година. За споредба во во 2013 година бројот на работниците во индустријата се зголемил за само 1,1% споредено со 2012 година. Претходно пак, неколку години со ред имаше негативен тренд во индустријата.

Најголем раст бележи преработувачката индустрија. Во јуни бројот на работници кај преработувачите се зголемил за 8,7% споредено со ланскиот јуни. Најмногу работни места во рамките на преработувачкиот сектор отвориле производителите на моторни возила, приколки и полуприколки – статистика пресметала дека за шест месеци од оваа година кај нив бројот на работници се зголемил за близу 200% споредено со првата половина од 2013 година. Голем раст од над 52% бележи и бројот на работниците во текстилниот сектор.

Растот од 200% на бројот на работници ангажирани во производството на моторни возила се должи на стартот со работа на белгиската Ванхул која во Бунарџик произведува автобуси. Оваа бројка е само уште еден показател дека странските директни инветсиции стануваат носители на економската активност во земјата.

Странските инветситори лани во земја отворија околу 6500 работни места, од нив 2500 се во технолошко-индуструиските развојни зони, останатите во другите региони. За годинава прогнозите се дека странските инветсиции ќе отворат околу 10.000 нови работни места.

Државните инвестиции во инфраструктурата исто така креираат вработувања. Годинава само на изградба на автопатите се очекува да бидат ангажирани околу 1000 работници. Пркеу активните мерки за вработување, Владата очекува да се вработат уште околу 4000 лица. А нови работни места ќе донесе и новата транша од 100 милиони евра евтини кредити преку Европската инвестициска банка. Досега со овие кредити се вработени 5200 лица.

Сето ова придонесе стапката на невработеност во земјава да се спушти на историски најниското ниво од 28,4%.

Целиот текст прочитајте го на ekonomski.mk

31.07.2014 - 15:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега