Акционерите на ЈУКОС ќе добијат 1,86 милијарди евра од Русија

 

Европскиот суд за човекови права донесе одлука акционерите на ЈУКОС да добијат обештетување од 1,86 милијарди евра по нивната тужба поднесена против Русија за незаконско одземање на сопственоста на компанијата, преку воведување фиктивни даноци и манипулирана продажба на нејзините клучни акции.

Судот во Стразбур соопшти и дека Русија треба, исто така, да плати 300.000 евра трошоци, плус такси, кои би можеле да и бидат наложени.

Решението не е конечно и може да биде обжалено од инволвираните страни во процесот до Големиот дом на Европскиот суд за човекови права во рок од три месеци.

Акционерите првично барале отштета од 98 милијарди долари.

Во понеделникот неколку поранешни акционери на ЈУКОС добија обештетување во вредност од 50 милијарди долари по изречената пресуда од Меѓународниот арбитражен суд во Хаг.

31.07.2014 - 12:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега