Граѓаните се враќаат на парното - за две години греењето поевтино за 21%

 

Намалените цени на парното греење ги натераа граѓаните да размислуваат повторно да се греат на парно. Со последниот предлог на Регулаторната комисија за енергетика за намалување на цената од први август за домаќинствата приклучени на Балкан Енерџи Груп, потрошувачите велат дека секое намалување е добредојдено, пишува Лидер.

parno-1

„Да ви кажам право, добро е ова, еве јас веќе некое некое време размислував да се откажам од парното, ама со намалувањата, се размислив. Ќе си останам на парно“- вели скопјанец.

„Добредојдено е намалувањето во време кога трошоците на живот растат, ова е добра вест“- вели скопјанец.

„Секое намалување па и ова е добредојдено за граѓаните со среди примања. Јас се исклучив од парното греење и сега сум пишан, ако стварно се намалат цените ќе видам што ќе направам“- вели граѓанин.

Цената на потрошената топлинска енергија треба да се намали за 4, 69 %.

Цената ќе се намали и за потрошувачите кои го користат дистрибутивниот систем на ЕЛЕМ и на Скопје Север. Ова е трето намалување за две години,за корисниците на Балкан Енерџи Груп.

Цената на парното во последните две години се намали за вкупно 21% за домаќинствата, а за останатите корисници 34 проценти.

Предлогот за новата цена на топлинската енергија е утврден заедно со компаниите на подготвителна седница, а за конечната одлука ќе се решава денеска

„Имаше мали забелешки од страна на Производство на топлина и Дистрибуција на топлина во однос на калкулациите на трошоците кои ќе ги достават до крајот на денот во писмена форма и на денешната главна седница би требало да ги разгледаме повторно, но не очекуваме големи промени или какви било промени во однос на предлог- одлуката за утврдување на регулираниот максимален приход, Намалувањето на цената на парното,, се должи на поволната состојба од минатата година со намалените трошоци за производство на топлинска енергија, претежно заради проектираната цена на природниот гас, како и за количината на потрошеното гориво. Ова е и во насока на одржување на целиот систем и во однос на потрошувачите кои со извесен тренд почнаа да се исклучуваат од дистрибутивната мрежа на Балкан енерџи и да организираат сопствено греење“, рече Димитар Петров, претседател на РКЕ.

Според него, ваквиот предлог би требало да помогне да се вратат корисниците кои во претходните години се откажаа од услугите на тогашната Топлификација поради континуираното зголемување на цената. Тој укажа дека се уште има тренд на исклучување на домаќинствата од дистрибутивната мрежа на Скопје Север и оти операторот има сериозни проблеми со процентот на наплатата. – Со ова намалување буквално би требало барем потрошувачите кои им се клучни од групата на останати потрошувачи да останат да ги користат услугите на Скопје Север, посочи претседателот на РКЕ

31.07.2014 - 12:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа