Поливале девојка со алкохол па ја силувале

Пет момчиња од Винковци групно силувале девојка. Информацијата која ја пренесуваат хрватските медиуми, првично се појавила на социјалните мрежи, по што полицијата веднаш започнала истрага и веќе има осомничени. Според првичните информации, силувањето се случило во еден локал во градот каде што девојката се забавувала. Според информациите, насилниците ја врзале за стол и со леплива трака и ја преврзале устата. По ова групно ја силувале и ја поливале со алкохол. Девојката била исто така под влијание на алкохол.
ПОлицијата во Хрватска вели дека нема пријава за таков случај но по информациите кои допреле до неа, веќе интензивно се бараат докази а има и осомничени лица. 

31.07.2014 - 11:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега