Продолжен мандатот на „сините шлемови“ на Кипар
Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата за продолжување на мандатот на „сините шлемови“ во Кипар на уште шест месеци, до 31 јануари 2015 година. Дипломати позитивно ја оценуваат резолуцијата за Кипар, во која се наведува дека присуството на мировните сили на ОН на островот е неопходно. Во документот се изразува и значењето на преговорите меѓу двете заедници, истакнувајќи ја големата улога на ОН за наоѓање целосно и трајно решение за етнички поделениот остров.
Мировната мисија на ОН на Кипар е формирана во 1964 година, со цел да се спречат судирите меѓу грчката и турската заедница на островот. Мисијата ја предводи Норвежанката Кристин Лунд, под чија команда се наоѓаат околу илјада „сини шлемови“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа