Повторно невреме во Србија

Големо невреме ноќеска го зафати поголемиот дел од Србија, а обилни врнежи, следени со грмотевици и силен ветар, имаше на подрачјето на западна Србија, Краљево, Врњачка Бања, Крушевац, Куршумлија и Срем, за Танјуг изјавија од Републичкиот хидрометеорошки завод на Србија (РХМЗС).

Силниот дожд и град го погодија и подрачјето на Обреновац. Бурниот ветар, следен со силен дожд и грмотевици синоќа ги зафати и Краљево и околината. Во два угостителски објекти во Краљево и Врњачка Бања имаше и помали пожари, што набрзо беа локализирани. Во одделни делови на Краљево  дојде и од краткотраен прекин на струјата, но службите на Електродистрибуција тоа брзо го отстраниле.

Петнаесетина минути по полноќ невреме, следено со дожд, град и силни грмотевици и молњи, ја зафати и Јагодина и дел од Поморавјето. Невремето траело околу 10 минути.

Заради големото невреме засилена е работата на сите служби во авиосообраќајот, изјави синоќа помошник министерот задолжен за воздушниот сообраќај Зоран Илиќ, по вонредниот состанок на аеродромот „Никола Тесла“ со претставниците на сите служби од овој систем.

Илиќ за Танјуг изјави дека сепак не очекува поголеми проблеми во Србија заради  невремето што дојде од Хрватска, која имаше големи проблеми во авиосообраќајот.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ (Путеви Србије) до сите учесници во сообраќајот апелира да возат внимателно на целата територија на Србија заради силните локални врнежи следени со грмотевици и град.

31.07.2014 - 09:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа