Демант на СДСМ до Press24:Не се откажуваме од барањето за техничка Влада

Социјалдемократскиот сојуз демантира дека се откажува од барањето за техничка Влада. Демантот на партијата следи откако Press24 објави дека СДСМ преку медиумите кои ги држи под контрола готви терен за да се откаже од ова барање.

„Претседателот Зоран Заев, раководството на СДСМ и органите на партијата, дејствуваат според утврдена внатрепартиска агенда, а не според потребите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја разбира потребата на власта да манипулира со можностите за дијалог, пред есенскиот Извештај на Европската комисија.

 

За СДСМ услов број еден за политички дијалог меѓу власта и опозицијата останува договорот за формирање техничка влада, којашто ќе создаде услови за спроведување фер и демократски избори“ - стои во демантот на СДСМ

30.07.2014 - 14:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега