Три жртви од поплавите во Бугарија и Романија

 

Три лица загинаа, а повеќе од стотина беа принудени да ги напуштат своите домови, поради поплавите што зафатија повеќе села во Бугарија и Романија.

Поројните дождови предизвикаа поплави во реонот на градот Габрово во централниот дел Бугарија, каде животот го загуби 61-годишна жена, а едно лице се води како исчезнато.

Без струја се 17 села и делови на градот Габрово, а има проблеми и во снабдувањето со вода. Регистрирани се појави на лизгање на земјиштето, а уништени или оштетени се и неколку мостови и патишта.

Во поплавите на повеќе локации во Романија загинаа две лица, меѓу кои  и еден 72-годишен маж, соопшти романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа.

„Романските железници“ соопштија дека поради поплавите еден воз излетал од шините, но нема податоци за евентуални жртви или повредени при несреќа.

Во околината на градот Новаци во југозападна Романија, од три села се евакуирани 500 лица, додека 75 куќи се урнати при налетот на водите од реката Ѓилорд, достигнаа ниво од три метри и ги проби заштитните насипи.

Во загрозените подрачја се упатени три хеликоптери, кои им укажуваат помош на жителите заедно со припадниците на армијата.

Поплавените подрачја ги посети и романскиот премиер Виктор Понта.

Романија оваа година се соочи со најврнежливото лето регистрирано досега, додека обилните дождови предизвикаа повеќе поплави во источните делови на Бугарија. Во поплавите во јуни во Варна загинаа 13 лица.

30.07.2014 - 10:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега