Големо невреме се очекува денес во Хрватска

Денес во Хрватска се очекува големо невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер. Агенцијата Метеоаларм издаде црвено предупредување за опасност на подрачјата на Лика и Горски Котар.

Во објаснувањето на предупредувањето за опасните временски појави се наведува дека црвената ознака значи исклучително опасно време на големо подрачје и дека во повеќето случаи тоа може да претствува опасност по животите и се можни големи штети, објави порталот Индекс.хр.

Хидрометеоролошкиот завод најави дека дождот и грмотевиците од северен Јадран во текот на денот ќе се прошират на цела Хрватска.

Најсилните врнежи вчера беа забележени на истокот од Истра, околу Лабин, каде за помалку од еден час паднаа 72 сантиметри дожд.

Постепено смирување на врнежите во Хрватска се очекува дури од петок.

 

30.07.2014 - 09:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега