"Нема да се смирам додека не ја најдам ќерка ми" - таткото на Тијана скршен од болка

Цела Србија трага по 15-годишната Тијана Јуриќ која исчезна пред неколку дена. Полицијата која деноноќно трага по девојчето пронашла само патики и нокт од неа. Нејзиниот татко вели дека нема да се смири додека не ја пронајде, па макар и за тоа да му треба цел живот.

- Сигурен сум дека Тијана не си заминала самоиницијативно. Последен пат ја видов за нејзината матура. Верувам дека полицијата ќе си го направи своето, вели таткото.

Девојчето кобната вечер кога исчезнало било на забава а до дома ја испраќале другар и другарка. Бидејќи заборавила да врати позајмена облека, се вратила нзад, а од тогаш од неа нема ни трага ни глас.

- Ќе ја барам се додека сум жив, вели таткото за српскиот Ало.

 

 

30.07.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа