Хајди Клум ја потврди врската
Четириесет и едногодишната Хајди Клум на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографија од нејзината нова љубов, Вито Шнабел кој е 13 години помлад од неа. Со тоа манекенката ја потврди врската за која се зборува со месеци.
Хајди Клум беше во брак со Сил, а после разводот останаа во добри односи. Кон почетокот на годината ја прекина врската со нејзиниот телохранител Мартин Кристен.
Таа е мајка на четири деца, и моментално е на одмор со својата нова љубов.
29.07.2014 - 16:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа