Измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање

 

Комисијата за финансирање и буџет на денешната седница го поддржа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност во прво читање.

Измените кои треба да стапат на сила од 1 јануари 2015-та предвидуваат даночни обврзници да бидат сите компании кои остваруваат годишен приход од еден милион денари, а не од два како досега.

Со тоа, истакна заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини образложувајќи го текстот, не само што ќе се зголеми бројот на даночни обврзници, туку и ќе се намали нелојалната конкуренција.

- Постојат даночни обврзници кои реализираат поголема додадена вредност во нивната активност, а доброволно не се пријавуваат за регистрација на ДДВ. Ова се причините поради кои се носат законските измени, изјави Џеладини.

Согласно измените, од 1 март догодина, секој даночен обврзник, освен хартиена, ќе треба да издава и фактура во електронска форма.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се утре пред пратениците, на пленарна седница. 

Комисија за финансирање и буџет денеска ги разгледа и поднесените амандмани по предлог-законите за спречување на перење пари и финансирање тероризам и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки. 

29.07.2014 - 14:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега