ФОТО: Попоски се сретна со Нимиц
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денес го прими личниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации и Посредник во спорот околу името помеѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц.
Нимиц, како што е наведено во соопштението, ги сподели своите видувања за ефективен процес и корисност од фокусиран дијалог кон надминување на спорот околу името со јужниот сосед.
Министерот Попоски ги истакна заложбите на Република Македонија за решение и целосна посветеност на процесот.
- Македонски интерес е да го надминеме единствениот, но тежок и долготраен проблем со нашите грчки партнери, истакна министерот Попоски, додавајќи дека за да го постигнеме тоа ни треба почитување на правото и политичка волја. - Посакуваме таков сигнал да се добие и од Атина по посетата на Нимиц, подвлекува македонскиот министер за надворешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа