Расте бројот на самоубиства во Шведска

 

Втора година по ред бројот на самоубиства во Шведска се зголемува, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

За разлика од 2011 година кога имало 1.378 самоубиства, во 2013 тој број изнесувал 1.600, а најголем  пораст е регистриран меѓу млади лица на возраст од 15 до 24 години.

Толкав број на самоубиства во Шведска не е забележан уште од 1989 година.

- Станува збор за голем пораст, но постојат методи за превенција против самоубиства, вели Данута Васерман, професор по психијатрија при Каролинскиот институт во Стокхолм за Шведската телевизија.

Најтемниот период во статистиката на самоубиства вп Шведска е летото, што се објаснува со тоа што дневниот ритам во летниот период се менува, а поинакво е и хормоналното влијание.

Една друга причина според експертите е дека многумина во текот на летото се конфронтираат со својата социјална ситуација.

- Можно е човек да се конфронтира со својата самотија или доколку има големи проблеми со своето семејство или со кругот на познаници и пријатели. Во текот на летото тоа станува потешко бидејќи човек обично тогаш повеќе другарува, а еден значаен фактор е и алкохолот, потенцира Данута Васерман

29.07.2014 - 10:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега