Од утре нови цени на бензините во Македонија
Денеска околу пладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата во Македонија. Поради праникот Рамазан, регулторите наместо согласно праксата, секој втор понеделник, одлуката за цените на нафтените деривати ќе ја донесе денеска, а новите цени ќе важат од утре.
Пред две недели, Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на бензините и дизелот. Во моментов, литар Еуросупер БС95 се точи за 81 денар, а Еуросупер БС98 се продава за 83 денари. Дизелот пред две недели поевтини за 2,5 денари по литар и се продава по 67,5 денари.
29.07.2014 - 09:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа