Пратениците со полни раце работа
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за прашања на изборите и именувањата.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во второ читање, додека Комисија за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог-законите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, и двата во второ читање. Членовите на Комисијата ќе го разгледаат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање.
Предлог-законoт за дополнување на Законот за високото образование, во второ читање е единствена точка на дневен ред на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт.
Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во второ читање.
Комисијата за труд и социјална политика ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, во второ читање и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2013 година.
На дневeн ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа