Половина час висел во бунар - едвај спасил жива глава

Се задржал на гранка која била во бунарот и така за влакно и побегнал на смртта. Вака Гвозден Г. од Србија спасил жива глава откако не сакајќи паднал во бунар кој се наоѓал на неговата нива. 

Според податоците на српскиот Ало, Гроздан отишол до бунарот и поради невнимание се лизнал и паднал во него. За среќа се фатил за една гранка и така висел цели 30 минути додека не дошле да го спасат.

- Цела среќа што во моментот селанец поминувал покрај бунарот па го чул Гроздан. Ги повикал полицијата и брзата помош, па така тој успеал да се спаси, вели сведок за српскиот Ало.

29.07.2014 - 09:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега