Со моторот се забил во бандера - две дечиња останаа без татко

 

Уште една страотна сообраќајка во која згасна млад живот го потресе регионот. 32-годишниот Драган Марковиќ од Србија загина откако со својот моторцикл, додека се обидувал да претица камион, најверојатно лошо ја проценил ситуацијата, па завршил во бандера.

Како што пренесува српскиот Ало, Драган сакал да го претица камионот, но од спротивната страна доаѓал автомобил, па за да го одбегне, свртел со моторот и загубил контрола, по што удрил во бандера и за жал починал на лице место.

Мотоциклистот зад себе остави сопруга и две малолетни дечиња.

27.07.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега