Амбасадорот Волерс ја посети Кисела Вода
Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, денеска ја посети Општина Кисела Вода, каде се сретна со градоначалникот Билјана Беличанец - Алексиќ.
На средбата станало збор за приоритетните активности и проекти кои ги презема Општина Кисела Вода за подобрување на животот на граѓаните, а беа презентирани и можностите за инвестирање, поточно потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината.
Амбасадорот Волерс се интересираше за предизвиците со кои се соочува Општината во насока на подобрување на услугите кон граѓаните, со работата на Советот на општината и процесот на децентрализација.
ФОТО: Нова Македонија