Еди Рама стана татко по втор пат

Aлбанскиot премиер Еди Рама по вторпат стана татко на педесетгодишна возраст.

Тој на Твитер објави дека неговата сопруга Линда (48) на свет го донела синот Захо.

Линда со помош на царски рез во гинеколошката клиника „Кочо Глиожени“ во Тирана, на свет донесе здраво бебе тешко 3,5 килограми.

Сопружниците Рама од првите бракови имаат возрасни деца. Еди го има синот Грегори (25), а Линда ќерката Реа (24).

Еди и Линда стапија во брак во 2010 година.

25.07.2014 - 15:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега