НетПрес: Како Фрчкоски ја манипулира македонската јавност за спорот со името?

Професорот Љубомир Фрчкоски повторно се обидува да ја манипулира и замајува јавноста преку својата најнова колумна со наслов „До Балчак и понатаму“, објавена пред неколу дена, пишува НетПрес.

Фрчкоски во својата колумна тврди дека никогаш до сега во преговарачкиот процес за името, не станувало збор и не бил доведен во прашање идентитетот на нацијата, но тоа не е така како што тврди тој. Говори и за името на нацијата и за името на јазикот кој го говориме. 

Изјавите на Фрчкоски јасно потврдуваат дека уште во 2005 -та година станува збор и за идентитетот и за јазикот, а не како што денеска тојтврди.

Како што пишува НетПрес, доказ дека уште во 2005 година, наспроти неговите сегашни тврдења, станувало збор за идентитетот, претставуаат неговите ставови изнесени во врска со тогашниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

Фрчкоски за предлогот на Нимиц тогаш велеше дека, „не можат ОН да го обезличат нашиот национален идентитет со тоа што предлагаат “граѓани на РМ” место Македонци, откако веќе го признаваат името на државата“.

Уште еден силен доказ дека тоа не е така како што тврди Фрчкоски во својата колумна, претставува и неговиот став во однос на јазикот. Тој уште во 2005 година бил свесен дека тогаш и македонскиот јазик бил доведен во прашање.

Во 2005 година, тој се осврнува и на јазикот и вели, „ако имаме македонски јазик, логично е да имаме и Македонска православна црква, нагласувајќи дека она што го бара Нимиц од двете земји е демонополизација на терминот Македонија како име за територија, во смисла дека никој не може да им забрани на другите да го употребуваат, па во таа смисла ќе има ’македонско вино’, ’македонски производи’ и слични нешта со тој атрибут“.

-Дополнтелно, нејасно е, ако навистина не станувало збор за идентитетот на нацијата, као тогаш Фрчковски и Црвенковски го прифатија предлогот на Нимиц, во делот за националноста да го нема терминот „macedonian“? Нејасно е зошто ако тогаш не бил доведен во прашање идентитетот, грчките политичари секоја година упорно се обидуваат да го избришат терминот „macedonian“ од извештајот на Европската Комисија?, пишува НетПрес.

Сите овие непобитни факти се доказ дека уште во 2005-тата година, наспроти сегашните тврдења на Фрчковски, станувало збор и за идентитетот на нашата нација, но и за македонскиот јазик.

Очигледна е дволичноста која што Фрчковски ја покажува во изминатиов период, заклучува порталот.

Оттука, ваквите континуирани обиди за манипулација на јавноста од страна на професорот Љуборми Фрчковски, македонската јавност оддамна ги има препознаено и никако да му поминат, бидејќи граѓаните многу добро го паметат неговото минато.

25.07.2014 - 15:14
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега