Маж прегазен од сопствениот пик-ап

 

48 - годишниот Џозеф Карл од Флорида бил прегазен од сопствениот пик-ап додека удирал по предницата на друго возило.

Весникот „Гејнзвил сан“ пишува дека Карл бил во алкохолизирана состојба кога застанал на црвено светло. Тој излегол од возилото без да ја подигне рачната сопирачка, а потоа почнал да удира по ветробранското стакло на автомобилот на една жена. Преплашената жена некако успеала да замине со автомобилот и во тој момент неговото возило почнало да се движи и го прегазило. Во извештајот од полиција пишува дека Карл претрпел повеќе скршеници на рацете и стапалата.

Против него е покренато обвинение за возење во алкохолизирана состојба и нанесување штети на други учесници во сообраќајот,а за сега не е познато дали ангажирал адвокат.

 

25.07.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега