Наташа Беквалац во депресија
Наташа Беквалац поминува низ тежок период во животот и неможе да излезе на крај со работата, емоциите и секојдневниот стрес. Затоа се реши да побара помош од стручни лица да ја преброди кризата.
Таа почнала да ги чита делата на Луиза Хеј и сфатила дека и треба таков вид психолог да и помогне да излезе од депресијата во која моментално се наоѓа.
Во разговор со пријателите дознала дека глумецот Синиша Убович веќе неколку години одржува работилници по програмата на Луиза и така им помага на луѓето да ги совладаат своите стравови, да се ослободат од товарот кој ги притиска и да почнат да размислуваат позитивно.
- Луиза ми стана како родена тетка. Ја читам истата книга по втор пат случајно нешто да не сум пропуштила, открива пеачката, пренесува српскиот Ало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа