Шефот на италијанската дипломатија во посета на Македонија
Италијанската министерка за надворешни работи, Федерика Могерини, денеска доаѓа во официјална посета на Македонија. Министерката ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, со кој ќе разговараат за процесот на проширување на Европската унија, како еден од главните приоритети на италијанското претседателство, во контекст на поддршката на Италија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.
Могерини ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими.
Како што соопштува македонското МНР, на средбите ќе бидат опфатени можностите за продлабочување на економските односи, како и билатералната соработка во останатите сегменти на општественото живеење, а предвидено е и потпишување на билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа