Украинскиот премиер си даде оставка
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска пред Парламентот соопшти дека поднесува оставка на функцијата, јави ИТАР-ТАСС.
- Поднесувам оставка поради распадот на владејачката коалиција по истапувањето на две партии од неа и блокирањето на владините иницијативи, рече Јацењук пред пратениците во Врховната рада.
Оставката на украинскиот премиер автоматски значи и оставка на Владата.
Јацењук ги критикуваше пратениците дека не донеле серија важни закони, како на пример, оние за енергетика и за буџетот, што има за цел продолжување на финансирањето на армијата.
24.07.2014 - 18:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа