Фудбалерите на Реал Мадрид летале со исчезнатиот авион

Ербасот А320 кој исчезна во близина на алжирската граница, најверојатно во Мали, некогаш го користеле фудбалерите на кралскиот клуб.
Авионот на авиокомпанијата „Ер Алжир“ исчезна еден час по полетувањето од Буркина Фасо, официјално соопшти авиокомпанијата.
Се претпоставува дека сите 116 патници и членови на екипажот се загинати. Според пишувањата на алжирскит медиуми, станува збор за Ербас А320 во кој имало 110 патници и шест членови на екипажот.
Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека истиот авион од 2007 до 2009 година го користел фудбалскиот клуб Реал Мадрид. Тогаш авионот го носел името „Стрела“.
24.07.2014 - 18:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа