Холивудскиот актер Ди Каприо ќе ја спасува Планетата

 

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на добротворна вечера во Сен Тропе собра повеќе од 25 милиони долари за неговата фондација посветена на зачувување на природните живеалишта и дивата флора и фауна.

Фондацијата соопшти дека Ди Каприо официјално ја отворил вечерта со предупредување: „Од ерата на диносаурсите, растенијата и животинските видови, никогаш не исчезнувале толку брзо и во толкав број“.

Холивудската ѕвезда поканила 500 гости на вечерата, на која ги повика за „заштита на биодиверзитетот“ и ја отвори аукцијата со продажба на својот „Харли Дејвидсон“ потпишан од Мартин Скорсезе и Роберт де Ниро.

Боно, кој изведе песна со Џулијан Ленон, синот на членот на „Битлси“, Џон Ленон, се понуди да ја продаде својата гитара за еден милион долари.

Склуптура од Демјан Хирст му е продадена на милијардерот Лен Блаватник за повеќе од шест милиони долари, а јужноафриканскиот магнат Патрис Мотсепе купи слика од Пикасо за милион евра.

Глумци, пеачи и други познати личности, за влезница на вечерата мораа да издвојат сума која се движеше меѓу 7.500 и 130.000 долари

24.07.2014 - 18:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа