Тетово: Со закана со пиштол и чекан украле накит вреден 300.000 евра

Златен накит во вредност од околу 200 до 300 илјади евра бил одземен при разбојништвото што денеска околу 8 часот и 40 минути го извршиле три непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол, а второто со чекан, во златарскиот дуќан „Бени“, сопственост на 35-годишниот Г.М од Тетово.

Тројцата маскирани со „фантомки“ на главите влегле во дуќанот што се наоѓа на улицата „Радован Цониќ“ број 24 во Тетово и од неговиот сопственик, кој штотуку го отворил и го извадил металниот сеф да го изложи накитот, побарале да се тргне настрана од сефот и да легне долу.

 

- Исплашен за својот живот златарот ги послушал, а тие од сефот одзеле поголема количина разновиден златен накит и со возилото кое било надвор и со кое најверојатно дошле веднаш се оддалечиле од местото. Вредноста на одземениот накит се проценува на околу 200 до 300 илјади евра. Нешто подоцна посоченото возило „Форд мондео караван“, кое минатиот месец било пријавено дека е украдено во Скопје, пронајдено е опожарено во близина на спортската сала Тетово, изјави Јосифовски.

ФОТО: Евести

 

најчитано сега