Тешка сообраќајна несреќа вредна 1,6 милиони долари

 

Во тешка сообраќајка во Кина настрадаа повеќе скапоцени автомобили, а според проценките штетата е околу 1,6 милиони долари, но за среќа никој не е посериозно повреден.

Огромната материјална штета е поради тоа што во сударот учествувал камион кој пренесувал автомобили, а при несреќата се превртил.

Камионот натоварен со возила удрил во патнички автомобил и потоа изгубил контрола над приколката.

Најголемата штета настанала на неколкуте Porsche Macan автомобили, како и на неколку модели на BMW и Land Rover.

24.07.2014 - 16:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа