Еве што треба да јадете според возраста

 

Сакате зачинета храна, но по јадењето не се чувствувате добро? Ништо чудно, затоа што организмот знае што му треба и она што може да ви годи во 20-те години, не е добро за вас на 40 годишна возраст.

Секоја возраст си носи промени, па таков е и случајот со исхраната. Ако сакате да ја сочувате младоста и здравјето, прилагодете ја вашата исхрана кон својата возраст.

Дали сте забележале дека апетитот ви се менува во текот на годините?

Тоа е нормална појава и би требало да се усогласи со годините, односно да го јадете она што е добро за вас. Експертите откриваат што се јаде во секоја животна доба.

Дваесети

Поради растот на коските кој продолжува и во 20-те години се препорачуваат млечни производи, што значи дека луѓето на оваа возраст без грижи можат да уживаат во сирењето.

Дваесетгодишниците би требало да ги избегнуваат коктелите, односно алкохолот, затоа што може да им го наруши здравјето на кожата, косата и ноктите.

На оваа возраст не треба да подлегнувате на драстични диети, туку треба да стекнете навика на здрава и урамнотежена исхрана.

Триесети

На оваа возраст луѓето се склони да чувствуваат замор и недостаток на енергија.

Наместо кафе и други привидни стимуланси, јадете сушено овошје. Поточно, најдобри се сушените сливи кои полека создаваат енергија.

Се препорачуваат и јаболките и интегралните житарици. Добро е да се земаат и додатоци во исхраната, како што се витамните и минералите.

 

За да не се здебелите, експертите препорачуваат избегнување на шеќерот и нездравите масти.

Четириесети и педесети

Во оваа доба може да се појави анемија, па експертите препорачуваат цевено месо, односно квалитетни и не премногу печени стекови кои ќе внесат железо во организмот.

За хормонална рамнотежа добро е да се јаде соја, а ако сакате да ја сочувате својата кожа млада, конзумирајте многу овошје и зеленчук.

Благите работи на оваа возраст воопшто не се препорачуваат затоа што калориите брзо се насобираат и е многу тешко да се согорат.

Шеесети и понатаму

Годините веќе го направиле своето и имунитетот повеќе не е толку силен.

За да се заштитите, зголемете го внесувањето на пробиотиците.

Дехидрацијата може да се спречи со поголема конзумација на вода, а посебно се препорачува чајот, и тоа незасладен.

Исхраната исполнете ја со овошје и зеленчук, а ако не сакате здраствени проблеми, секако избегнувајте ги месните преработки како што се кобасиците.

Извор: Убавина и здравје

24.07.2014 - 15:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа