Момче три пати умрело по сообраќајна несреќа
Лендон Витли седел на задното седиште кога се враќал од црква со своите родители во автомобилот Pontiac Sunfire.
Автомобилот на семејството било удрено од амбулантско возило преминувајќи на раскрсницата Нане-Хил. Во несреќата Лендон го изгубил својот татко, додека тој бил медицински мртов три пати, еднаш на местото на несреќата, втор пат на патот до Медицинскиот центар Carolinas и трет пат во болницата.
Тогаш Витни имал 8 години, и вели дека сликовито се сеќава како бил во рајот секој пат кога бил во клиничка смрт. Тој открива дека ги видел „улиците од злато“, како и Исус, ангелите, татко му, дури и членови од фамилијата за кои не ни знаел.
- Мојата мајка имала две абортуси пред мене, а јас никогаш не знаев за нив, ниту пак имав слушнато. Тогаш имав шанса да ги видам, вели Витли.
Лендон има 23 метални плочи во главата, носот му е реконструирана од задниот дел на черепот и тој не може да гледа на левото око - но денес, тој живее речиси нормален живот.
Неговата мајка, Џули Кемп, неодамна напиша книга со детали за жалењето на нејзината фамилија, како и за небесното искуство на нејзиниот син.
Кемп мајката на Лендон по сообраќајната несреќа имала скршени ребра, колапс на белите дробови и потрес на мозокот. Таа седела во совозачката страна на возилото кое било удрено во возачката страна, таму каде што седеле Лендон и неговиот татко.
-Овие денови можам да му заблагодарам на Бога кој ми дава сила за да издржам. Не ја гледав силата во моментите кога ја поминував целата ситуација, видов предизвик и болка, вели Кемп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа