Во втората половина на јуни ќе биде објавен ИПАРД јавниот повик
Во втората половина на јуни годинава објавен ќе биде повикот за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013.
- Претстојниот ИПАРД јавен повик овозможува зголемени можности по однос на типот инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници, можност за набавка на различна земјоделска механизација, вклучувајќи и трактори, како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка, велат од Агенцијата.
Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавувањето во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување барања, како и упатствата за корисниците на ИПАРД средства ќе бидат ажурирани и објавени на веб страницата на Агенцијата.
Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтересираните можат да ги добијат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
ФОТО: Денешен