Авионот на „Ер Алжир“ со 116 патници се урна во Нигер
Алжирскиот патнички авион, кој до сега се водеше како исчезнат, се урнал во Нигер, јави приватната алжирска телевизија „Елнахар“.
Авионот со 116 патници од кои 80 биле Французи се урнал откако навлегол во воздушниот простор на Ниамеј, главниот град на Нигер.
Алжирската државна авионска компанија „Ер Алжир“ претходно соопшти дека претпладнево го загубила контактот со еден од нејзините авиони кои полетале од Буркина Фасо.
Комуникацијата со леталото била загубена 50 минути по полетувањето на авионот од главниот град на оваа западноафриканска земја, Уагадугу.
Авионот летал на релација од Буркина Фасо кон алжирскиот главен град.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа