Се изнамачил пред да биде погубен- осуденик умирал повеќе од еден час по добивањето на смртоносната инјекција

 

55- годишниот Џозеф Вуд обвинет за двојно убиство беше погубен денеска во САД.

Вуд умирал повеќе од еден час по добивањето на смртоносната инјекција.

 

Неговите адвокати побараа итен прекин на погубувањето откако осуденикот по вбризгувањето на смртоносната инјекција почнал тешко да дише и да се гуши.

 

Тие наведуваат дека егзекуцијата треба да трае најмногу десет минути, додека Вуд губел здив „повеќе од 600 пати пред да почине“.

Гувернерот на Аризона Џен Бруер нареди целосна истрага за егзекуцијата иако нагласи дека „Вуд починал на начин што е предвиден со законот“.

Според адвокатите на Вуд со погубувањето, кое траело подолго од еден час, е нарушено неговото право да биде погубен на начин кој исклучува сурова казна и мерка која не е вообичаена, како што е предвидено со американскиот Устав“.

 

 

Тие бараат од властите во Аризона да го именуваат производителот на лекови кои се употребени за егзекуција.

24.07.2014 - 12:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа