Холивудскиот актер Ричард Гир не може да ја заборави Македонија

 

Наградата "Франсоа Трифо" му ја додели Дарио Тодоровски од тимот "Џифони - Македонија" а Мартина Величковска била едно од петте деца избрани да му постават прашање на Гир во преполната сала, на кое актерот одговорил дека ја сака Македонија и се потсетил на неговата посета од пред 15 години, пишува Вечер. 

Да, точно е! Македонец му даде награда на Ричард Гир! И тоа наградата "Франсоа Трифо" на најголемиот и најстариот филмски фестивал за деца во светот, "Џифони", во Италија. Дарио Тодоровски е името на момчето од тимот "Џифони Македонија" што му ја предаде наградата на Гир, кој на средбата со децата одговорил и на прашање од Македонка. Среќничката Мартина Величковска била едно од петте деца избрани да му постават прашање на Гир во преполната сала, на кое актерот одговорил дека ја сака Македонија и потсетил на неговата посета од пред 15 години. Исто така, едно од нашите девојчиња, Анастасија Новеска, била избрана да има средба со тинејџерската ѕвезда Дилан О'Брајан од серијата "Тинејџер волк".

Денеска на фестивалот ќе се одржи македонска вечер, од која директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески, очекува уште поголем интерес за нашите филмови. 

"Џифони искуство" се одржува од 18 до 27 јули. Секој ден, освен едукативната програма, има термини резервирани за мега телевизиски и филмски ѕвезди. Вчера се очекуваше да пристигне Алан Рикман, лошиот професор Снајп од Хари Потер", а за затворањето на фестивалот гостинка ќе биде Орнела Мути.

Вечер

24.07.2014 - 12:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа