„Нов преговарач“ - еве што напиша „Етнос“ за посетата на Нимиц

 

Посетата на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и Атина ќе биде уште едно од вообичаените патувања на кои тој ќе го даде своето мислење, кое е исто во изминатите 20 години.

Ова денеска го пишува грчкиот весник „Етнос“ во кус коментар под наслов „Нов преговарач“, пренесе МИА.

- Оваа посета, сепак, ќе има нов елемент, Нимиц во Скопје ќе се сретне со новиот преговарач, 34-годишниот Васко Наумовски, кој е личен избор на премиерот Никола Груевски за македонски амбасадор во Вашингтон, пишува весникот.

Следејќи ја грчката политика на напади и навреди кон македонската страна, „Етнос“ на крајот додава дека „судејќи според неговата млада возраст“, првата средба на Наумовски со Нимиц и грчкиот преговарач Василакис, „веројатно ќе биде вовед во карактеристиките“.

24.07.2014 - 11:57
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа