Холандски градоначалник побарал ќерката на Путин да се протера од Холандија
Питер Броертјес кој е градоначалник на холандскиот град Хилверсум, вчера побарал ќерката на Владимир Путин, Марија да се депортира од таа земја.
Марија живее во Холандија заедно со својот дечко.
Броертјес подоцна на Твитер се извинал за дадената изјава, па напишал дека тоа не било мудро од негова страна и додал дека тоа било само одраз на немоќ и безпомошност.
Холандските медиуми најавуваат дека Украинците кои живеат таму повикале на мирни протести пред зградата каде што живее Марија.
Инаку за ќерките на Путин многу малку се знае, а нема никакви фотографии од нив и тие живеат далеку од очите на јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа