Атлетико Минеиро победник во јужноамериканскиот Суперкуп

 

Фудбалерите на Атлетико Минеиро се новите шампиони во јужноамериканскиот Суперкуп откако ноќеска на свој терен во реваншот го совладаа Ланус од Аргентина со 4:3 на продолженија.

На првиот меч кој се играше пред седум дена бразилскиот претставник победи со 1:0.

Атлетико добро го почна натпреварот и поведе со голот на Диего Тардели во седмата минута од пенал. Три минути подоцна Виктор Ајала изедначи, а Сантијаго Мартин во 26.минута ги донесе гостите во водство. На 2:2 изедначи Режиналдо, а за продолженија се избори Акоста со гол во самиот финиш на основните 90 минути.

Во дополнителните 30 минути Бразилците постигнаа два погодока преку Гомез (103.минута) и Ајала (112).

За клубот од Бело Хоризонте ова беше прв трофеј на континенталниот Суперкуп во кој по традиција играат победниците на Куп Либертадорес и Куп Судамерикана.

24.07.2014 - 11:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега