Со глава удрила во тобоган - се бори за живот на клиника

30 годишна жена од Славонски брод итно е оперирана во болница откако паднала спуштајќи се по пластичен тобоган на плажата во Биоград, Хрватска. Како што пренесуваат локалните медиуми, несреќата се случила вчера, додека жената се спуштала по тобоганот. Пред да влезе во водата, таа со задниот дел од главата удрила во тобоганот. Самата излегла од базенот и побарала помош. Нејзиниот сопруг бил со неа во базенот. Возило на итната медицинска помош, веднаш ја префрлило во локалната клиника. Таму итно била оперирана поради крварење во мозокот.
„Повредите и се тешки а животот и е во опасност поради крварење на мозокот“ - изјавиле хрватските лекари.
По налог на државнот ообвинителство, на местото е извршен увид а случајот е заведен како несреќа.

 

 

24.07.2014 - 11:31
Фото: 
Архива
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега