Тивок марш и ден на жалост во Холандија- пристигнаа првите тела од жртвите од малезискиот авион

 

Денеска во холандскиот град Ајндховен се одржа помен за загинатите, додека првите тела на жртвите од малезискиот авион пристигаа во Холандија.

Околу 40 ковчези беа симнати од воениот авион кој пристигна од Украина по едноминутно молчење, кое беше одржано низ цела земја.

 

Кралот и Кралицата на Холандија, како и премиерот, присуствуваа на овој трагичен чин, каде им беа поддршка на семејствата на загинатите.

Целата толпа во тишина го следеше процесот на симнување на ковчезите, кој траеше околу 90 минути.

Сите ковчези беа ставени во кочии, по што се формираше конвој кој замина во воената база во Хилверсум, гратче во близина на Ајндховен.

Во Амстердам беше одржан и тивок марш, а денот на жалост беше целосно исполнет со емоции.

 

Речиси две третини од загинатите 298 патници биле од Холандија.

24.07.2014 - 10:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега