ЛА Галакси 0 - 7 Манчестер Јунајтед

Новиот менаџер на Јунајтед оствари висока победа на првиот натпревар. Вејн Руни, Рис Џејмс и Ешли Јанг постигнаа по два погодоци, а Дани Велбек еден.

Летните засилувања Андер Херера и Лук Шо дебитираа во 3-4-1-2 формација која наликуваше на формацијата што ја користеше Холандија на светското првенство.

Смената се покажа ефективна уште во 13-та минута кога Велбек, откако судијата покажа предност по фаулот над Мата, упати удар од 25 метри кој заврши во мрежата.

Руни реализираше пенал досуден за игра со рака, а вториот гол го постигна пред истекот на првото полувреме после лошата реакција во одбраната на Галакси.

На полувремето ван Гал го замени речиси целиот тим, само Херера и Флечер ги задржаа своите места.

20 - годишниот Џејмс во 60-та минута постигна сличен гол на Велбек, а вториот гол го постигна на 5 минути пред крајот. Јанг своите два гола ги постигна за исто толку минути во финишот на мечот да додаде сјај на резултатот.  

24.07.2014 - 09:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега