Отишол на лекар поради болки во стомакот- но се шокирал од она што му го соопштиле

 

Кинез кој десет години бил во брак со жена, сосема случајно дознал дека всушност е жена.

 

Маж, со презиме Чен, отишол на лекар поради болки во стомакот, но не очекувал дека посетата во болница во Јонгканг во целост ќе му го смени животот, односно полот, пишува „Интернешнл Бизнис Тајмс“, повикувајќи се на „Глобал Тајмс“.

Освен што се жалел на болки во стомакот, 44-годишниот маж имал крв во урината. Но, како што констатирале лекарите само добил - менструација.

- Имаше куса коса и беше облечен во машка облека. На почетокот не мислевме дека станува збор за жена, изјави лекарот Жао за Глобал Тајмс.

Чен немал Адамово јаболко, ниту брада, но имал деформиран пенис, утврдил Жао. Снимањето со ЦТ покажа дека Чен има матка и јајници  и дека според тоа тој е жена, а тоа го потврди и тестот со хромозомите.

Лекарите го извадиле туморот кој го имал во стомакот поради генетското нарушување. Чен пак тврди дека е оженет десет години и дека немал проблеми во сексуалните односи, но лекарите во тоа не веруваваат.

 

Тој не е единствен маж кому лекарите го „промениле полот“. Минатата година, исто така во Кина, еден 66-годишен маж исто така открил дека е жена кога бил кај лекар поради болки во стомакот.

24.07.2014 - 10:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа