Почнаа Деновите на македонската култура во Србија

 

 

Од денес до 26-ти Јули во библиотеката „Ѓура Јакшиќ“ во Петровац на Млава, Србија, ќе се одржат Денови на македонската култура.

На манифестацијата ќе биде одржана Вечер на македонската поезија и песна, при што ќе биде читана современа македонска поезија и интерпретирани најпознатите македонски народни песни.

Најавена е промоција на книгата „Под кожа“ од писателката Даниела Миланова во издание на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје. Авторката, која истовремено е и сликарка и уметнички фотограф, ќе се претстави и со изложба на уметнички фотографии под заеднички наслов „Родниот крај е таму каде што Ви е убаво“, со презентација на најнови уметнички фотографии од Србија и од Македонија.

Во библиотеката ќе биде отворено македонско одделение при што ќе бидат врачени донации на книги од Библиотеката „Св. Климент Охридски“ од Битола, Списанието за книжевност и уметност „Сум“ од Штип и Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.

 

24.07.2014 - 09:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега