Пилот-тинејџер загина oткако се обиде да го обиколи светот со авион
Американски тинејџер загина во авионска несреќа во Тихиот Океан при обид да постави рекорд како најмлад пилот, што го обиколил светот со авион, соопшти хуманитарна организација што го следи неговиот лет.
Во несреќата животот го загубил и неговиот татко. Авион со еден мотор, со кој пилотирал 17-годишниот Американец со пакистанско потекло Харис Сулејман, се урна во Самоа, соопшти Граѓанската фондација, организација што се залага за квалитетно образование.
- Дознавме пред само два часа и сме целосно уништени, изјави директорот на американската филјала на меѓународната непрофитна организација Даниел Морани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа