Убиен Британец кој војувал против режимот на Асад во Сирија

 

Еден Британец е убиен во Сирија, војувајќи на страната на бунтовниците, а против силите на сириската армија, кои се на страната на претседателот Башар ал Асад.

 Британецот е убиен заедно со една Американка, која претходно преминала во исламот. Покрај нив, убиен е и уште еден странец, за кого мониторинг организацијата не го соопштува неговото потекло.

 

 

Претставник на мониторинг групата објасни дека тројцата убиени биле во воена мисија, на снимање на позициите на сириската армија во околинта на градот Идлиб, кога упаднале во заседа. Во престрелката тројцата странски борци кај бунтовниците биле убиени.

Инцидентот се случил во средата, во истиот ден кога загина и британскиот лекар Абдур Рахман (26), дипломец на угледниот лондонски Империјал колеџ. Тој во Сирија им се приклучил на бунтовниците за да, како што велат претставници на опозицијата, им помага на цивилните жртви во сириската војна.

најчитано сега