Дождот предизвика нови поплави во Србија

Силните врнежи кои се случија денеска во Србија, поплавија неколку градови кај нашиот јужен сосед. Така делови од Бор, и Ваљево беа целосно под вода, која достигнала и до половина метар.

Невремето кое го зафатило Ваљево денеска околу 16 часот всушност предизвика река која течела низ улиците во центарот на градот. На поедини места водата достигнала и повеќе од половина метар. 

Околу пладне дождот го зафати и градот Бор. Водата ги поплавила просториите на Радио-телевизијата Бор и дописничкото место на РТС, како и бројни приземни делови, гаражи и локали. 

Од некои паркирани возила во центарот на градот се гледале само крововите, а дождот паѓал неполн саат.

Екипоте на комуналните претпријатија веднаш биле ангажирани за да животот во градот би се нормализира што е можно побрзо.

 

 

23.07.2014 - 20:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега