Четириесет и седум мртви во авионска несреќа во Тајван
Авион на тајванската авиокомпанија „Трансејжа ерлајнс“ денеска се урна при принудно слетување за време на силно невреме на аеродром во архипелагот Пенг, а во несреќата погинале 47 лица, додека 11 се повредени, соопштија властите.
Во авионот што паднал при вториот обид за принудно слетување во градот Маконг, на запад од Тајван, имало 54 патници и четворица членови на екипажот.
Претходно било наведено дека животот го загубиле 51 лице, додека седумина се повредени, пренесоа британските медиуми.
Падот на авионот предизвикал пожар во блиските згради, но во нив немало настрадани.
-За време на несреќата беснееше бура, изјави Хси Вен-гуанг, портпарол на пожарникарската служба.
„Од местото на падот на авионот 11 лица упативме во болница заради повреди. Неколку празни објекти во близина на пистата беа зафатени со пожар, но во нив немаше никого во тој момент, а огнот е изгаснат“, наведе Хси.
Според него, на местото на несреќата се упатени околу 100 пожарникари, 152 војници и 255 полицајци.
Авионот сообраќал на домашна линија.
Причината за несреќата се уште не е позната, но Тајван денеска беше погоден од тајфунот Матмо, следен од обилен дожд и силен ветар, заради што беа затворени многу училишта и други установи.
„Трансејжа ерлајнс“ е компанија со седиште во Тајван, која располага со флота од 23 авиони, кои главно сообраќа на домашните линии, но во лето и за Јапонија, Тајланд, Камбоџа и други дестинации во Азија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа