Зошто никогаш не треба да ги чистите ушите?

 

Онаа леплива маса, која имате потреба да ја отстраните од ушите, има стручен назив, церумен и истата служи како штит. Благодарение на нејзе, ушниот канал ви останува чист“, вели Даглас Бекус оротинолоаринголог и директор на шведскиот Неруроначен институт. 

Не само да церуменот помага прашината и нечистотијата да не дојдат ушниот канал, туку има и антибактериска и лубриканско својство. 

Нашите уши се чистат самите. Кога оваа леплива маса ќе се исуши, најдобро е да џвакате или се смеете. На тој начин увото го лачи церуменот.

 

Проблемот настанува кога ќе помислиме дека сме попаметни од совршената природа на нашето тело. Со чистењето уши со стапчиња, ние всушност го собираме церуменот и го потиснуваме длабоко во нашето уво каде се заглавува и не успева сам да го очисти увото.

На овој начин ние го блокираме ушниот канал, па послабо слушаме. Ушите можат да ви ги чистат исклучиво професионалци, а на самите кутија со стапчиња за чистење на увото, е нагласено истите да се користат само за надворешниот дел, и никако длабоко во каналот.

Сигурно сега си мислите: „Не можам да престанам да ги чистам ушите“, а факт е дека со се поголемото трлање на кожата ушите испуштаат повеќе хистамин од кого кожата станува иритирана и воспалена, како кога ќе ве боцне комарец. 

23.07.2014 - 18:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега